Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

2011 Меѓународна година на шумите

Шумите за луѓето, е мотото под кое се ќе се одбележува овој настан

Со одлука на ОН за првпат, службено, 2011. година е прогласена за меѓународна година на шумите. 

Малку е познато дека иницијативата за свртувањето на вниманието на проблемите на шумите во светот и потребата за заштита на ова зелено богатство е на иницијатива на Хрватски шуми, односно на Република Хрватска.Поттикнати од зголемувањето на загрозеноста на шумите во светот, спречувањето на илегалните сечи и пустошењето во шумите и потребата на овој проблем да му се посвети посебно внимание, Хрватске шуме во 2005.година на Владата на Република Хрватска и предложиле да покрене иницијатива за поднесување
на барање за Светски ден на шумите на ниво на ОН. Предлогот потекнал од поранешниот портпарол на Хрватски шуми Тихана Белужиќ, фирмата го поддржала, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство упатило и службен предлог во процедура на ОН. Оваа иницијатива вродила со плод и на 20 декември 2006 година Генералното собрание на Обединетите нации, ја прогласи 2011 година за меѓународна година на шумите.

Зошто шумите и нивната заштита треба да се издигнат на светско ниво и да се препознаат како светски проблем? 

А една од најзагрижувачките причини за климатските промени се токму големите неконтролирани сечи на шумите како природни регулатори на размената на матрерии. Најмногу негативни влијанија на нашата планета предизвикува начинот на производство на енергија.


Глобалното затоплување, според научниците настанато како последица на горење на фосилните горива за производство на енергија и превоз, може да ја подигне просечната температура на воздухот за 6 степени целзиусови до крајот на овој век.


Последица на тоа ќе бидат големи поплави, глад и силно невреме, проследено со бура. Според извештајот на WWF токму користењето на фосилните горива, испуштањето на штетните гасови во атмосферата чини 40 % од човековото негативно делување врз планетата земја.


Имајќи ги предвид сите аспекти на соживотот меѓу човекот и шумата, логотипот на меѓународната година на шумите е осмислен за да се нагласи нивната нераскинлива врска.


Симболичките елементи во дизајнот отсликуваат некои од повеќекратните вредности на шумата како зачувувањето на стабилноста на климата, обезбедувањето на засолништа за луѓе, изворите на биолошката разновидност, лекови и вода за пиење.


Покрај визуелниот идентитет на логото, геслото на меѓународната година на шумите е „ Шумите за луѓето”, уште еднаш и дополнително ја нагласува пораката за виталната важност на шумите за опстанок и добробит на сите 7 милијарди луѓе на планетата Земја.


За достојно одбележување на меѓународнта година на шумите во многу држави ширум светот ќе се организираат пригодни случувања.


Во Хрватска, носител на активностите, од кои некои ќе бидат самостојни, а некои заеднички ќе биде Мнистерството на регионален развој, шумарство и водостопанство, Министертсво за култура, Министертсво за заштита на животната околина, просторно планирање и градежништво, Хрватске шуме, Шумарски факултет, Хрватскиот шумарски институт, Хрватската комора на инженери по шумарство и дрвна технологија, хрваткото шумарско здружение и хрватската стопанска комора.


Под инспиративното мото на годината на шумите “Шумите за луѓето”, и шумарскиот сектор во Македонија треба да го даде својот придонес во заштитата на шумското богатство во државата и негувањето на нераскинливата исконска врска меѓу човекот и шумата во зачувувањето на нашиот единствен дом Планетата Земја.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт