Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Ден на дрво

Засади ја својата иднина

Постојаното намалување на светскиот фонд на шуми и шумовити предели е еден од најголемите светски еколошки проблеми, со сериозно негативно влијание на климата, здравјето на луѓето, намалување на животинската популација како и на светската економија. Балканот е регион каде овој проблем има уште поголемо и посериозно влијание, особено заради немањето на постојан и издржан систем на шумски менаџмент, како на локално така и на регионално ниво. Големите пожари кои пустошеа минатата година, во целиот регион, го потврдуваат ова.

Грижата за шумите, правилното насочување на стопанисувањето со шумите, нивната обнова и разумното користење, се задача на ЈП “Македонски шуми”. Имајки предвид дека шумите се природно добро од општ интерес, а стопанисувањето со шумите е дејност од јавен интерес, со чл.17 од Законот за шуми утврдени се основните дејности, а тоа се : одгледување, заштита и користење на шумите со чие извршување претпријатието треба да обезбеди трајно за чувување и зголемување на вредноста на шумите, како и постојано зголемување на нивниот прираст и на нивните општокорисни функции. Во 2007 година од катастрофалните пожари беа зафатени 35 248 ха под шума. Доволно за да се наруши рамнотежата и драстично да се намали шумскиот фонд. Последиците од овие позари ќе се чувствуваат долго, зашто, за да израсне едно дрво, птребни се повеќе од 50 години.

Според програмата за реализција на шумскоодгледни работи-пролетно пошумување, ЈП “Македонски шуми” ќе пошуми 1 100ха, со 2 200 00 броја разновиден саден материјал, од кои 1 300 000 садници се од сопствено производство. Со ова ЈП “Македонски шуми” зема активно учество во акцијата "Ден на дрвото", која се одржува под мотото “Засади ја својата иднина”, која ќе се одржи на 12 март, 2008 година на целата територија на Република Македонија.

Иницијатори и автори на проектот се: Борис Трајанов, Владимир Мандичевски, Томе Костадиновски и Бобан Вукичевиќ. Акцијата е поддржана од Владата на РМ, со Одлука донесена на сто дваесет и третата седница, кога е составено Координативно тело за пошумување, чиј претседател е м-р Зоран Ставрески-заменик на претседателот на Владата, потпретседател на Координативното тело-Мартин Протоѓер, шеф на канцеларијата на претседателот на Владата на РМ, а во кое членуваат претставници на сите релевантни институции: ген.дир. на ЈП “Македонски шуми”, Владимир Бахчовановски, ЦУК-Панде Лазаревски, Државниот завод за геодетски работи-Љупчо Георгиевски, на МОЕПП - Соња Лепиткова, МЗШВ-Војо Гоговски и претставникот од НО-Томе Костадиновски. Во Иницијативниот Oдбор за реализација на акцијата го сочинуваат креатори на јавното мислење, културни работници, познати естрадни уметници, новинари, претставници од бизнис-секторот, претставници од образованието, личности од научниот живот на Р. Македонија. Акцијата е поддржана од Владата на РМ, Европска унија, УСАИД, УНДП.

Сите вработени во ЈП“Македонски шуми” ќе земат активно учество во пошумувањето, особено во делот стручна на подготовката на теренот за пошумување, со активирање на механизација потребна за непречено одвивање на акцијата, како и обезбедување на стручна помош при самото пошумување. Стручниот тим на ЈП“Македонски шуми” направи избор на садници за пошумување од лисјарски и четинарски дрвни видови произведени по класичен и контејнерски начин во расадниците на ЈП “Македонски шуми”. Покрај останатите активности стручниот тим на ЈП“Македонски шуми”, ги определи и локациите за пошумување на територијата на целата држава, со што ќе се постигне целта на позитивно влијание на локално, регионално и глобално ниво.

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт