Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Набавени нови Товарни возила-камиони во ЈП Национални шуми

Согласно Инвестиционата програма на претпријатието, ЈПНационални шуми  во делот на инвестиции во основни средства планираше набавка на шест товарни возила – Камиони. 

Постапката за овој вид на набавка беше отпочната во Декември 2018 година додека Договорот Бр.03-14/186 е склучен на 05.06.2019 година, согласно кој се набавени 6 Товарни возила со надградба за превоз на шумски сортименти, марка MAN, модел TGS 33.440 6x4, шумарска изведба. Со набавката на овие товарни возила запазени се највисоките стандарди за издувни гасови (euro 6), со што ЈПНационални шуми ќе придонесе за зачувување на животната средина, подобро искористување на капацитетите на претпријатието како и заштита и користење на шумските ресурси на принципите на одржлив развој.

Камионите се брендирани со официјалното лого на ЈП Национални шуми и денес на 24.04.2020 година беа распределени според потребите во 6 подружници и тоа: Малешево-Берово, Бор-Кавадарци, Кожув-Гевгелија, Бабуна-Велес, Бигла-Демир Хисар и Сандански-Македонски Брод. Во присуство на Раководителите на подружниците и менаџерскиот тим, Директорот Зоран Ѓорѓиев лично им ги предаде клучевите од камионите на возачите, кои ќе бидат задолжени со транспортните средста.                                          

Извршувањето на основните дејности на претпријатието, како и снабдувањето на населението со огревно дрво е условено од употреба на соодветна современа опрема и основни средства. Транспортот на шумски сортименти во шумарската практика е еден од најважните фази во процесот на користењето на шумите. Врз основа на доброто познавање на моменталната состојба на патната инфраструктура во шумарството, теренските прилики, како и потребите на пошироката општествена заедница, оптимално беа утврдени потребите и приоритетите од  набавка на нови Товарни возила-камиони за превоз на дрвни сортименти.

Денес шумите се отвараат со современи сообраќајници што овозможува употреба на транспортни средства со поголема носивост. Фазата превоз на дрвни сортименти, во јавното претпријатие, досега главно се извршува со надворешни превозници врз основа на склучени договори за превоз по пат на јавни повици. Сопствениот превоз учествува со многу мал процент во вкупно превезената дрвна маса, додека поголем дел од дрвната маса се превезува со надворешни извршители. Затоа беше неопходна набавката на товарни возила (камиони), за огревното дрво навремено да го донесеме до граѓаните.                            

Со набавката на новите товарни возила ќе се овозможи поквалитетно и навремено извршување на планираните задачи, односно навремен транспорт на дрвните сортименти и заштеда на финансиски средства, односно поголема рентабилност на претпријатието.

Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт