Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Конференција за печат

Конференција за печат на директорот на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев на тема- санација на пожарот во велешко каде изгоре 50 години стара шума

На Конференција за печат на директорот на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев која се одржа во просториите на ЈПНШ, директорот Зоран Ѓорѓиев ја елаборираше актуалната ситуација создадена со големиот пожар на велешко Езеро и за санацијата на опожарената површина.

„Големиот пожар кој пламна на 26.08.2019 година во близина на селото Отовица(велешко) го зафати теренот на уредена Шумско стопанска единица “Езеро Младост”, стопанисувана од ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ, ПШС БАБУНА Велес. На овој терен доминираат претежно со црнборови насади, а шумата е стара 50 години. Го открија и интервенираа шумочувари од ПШС Бабуна, кои направија обид за гаснење и ги известија сите надлежни институции. Огнената стихија се движела со голема брзина заради поволните временски услови(високи температури, ветер) и за кусо време е зафатена голема површина под шума и објекти кои се наоѓаат во близина.И покрај ангажманот на сите вработени во ШС Бабуна- Велес и помошта од другите околни подружници во работна сила и противпожарни возила со кои располагаат, заедно со останатите институции (ПП екипи од околните градови, од велешкото јавно комунално претпријатие Дервен со цистерни и припадници на АРМ, локалната самоуправа водеа битка со огнените јазици кои поради ветрот брзо се разгоруваа и ширеа. Недостапниот терен исто така беше пречка за побрзо локализирање, па затоа тој се прошири и на неколку викендички и угостителски објекти во близина на езерото Младост. 
И покрај сите напори, огнената стихија го зема својот данок. 
Изгоре 50 години стара шума од црн бор, на површина од околу 200 ха, уште 250 ха деградирано шумско земјиште, што вкупно изнесува 400-500 ха изгорена шума, односно околу 20 000м3 дрвна маса. Според првите неофицијани податоци е причинета штета во износ од околу 60 милиони денари или 1 милион евра. 
ЈП Национални шуми секоја година согласно годишната програма за работа планира одгледни мерки, а најголем акцент се става на пошумувањето. Во 2018 година во есенскиот и пролетниот период пошумена е површина од 824 ха и засадени се 1.700.000 садници. Со годишната програма за 2019 година предвидени се 900 ха пошумување со околу 2 милиони садници.
Покрај нашите редовни пошумувања ЈП за есенскиот период согласно новонастанатата состојба со огромниот број на пожари, тимот од ЈП задолжен за санирање на опожарените површини и нивно пошумување и работи на изготвување на брз и координиран план за масовно пошумување и обновување на шумскиот фонд, а со тоа и враќање и ревитализирање на површините кои живот значеа за некои градови како што е пожарот во околината на езерото Младост.
Со активностите е планирано да се почне веднаш штом ќе се создадат услови за подготвување на почвата за пошумување, а во меѓувреме ќе се врши чистење на опожарената дрвна маса.
Целта на ЈП Национални шуми со овие пошумувања е да се обноват и да се вратат еколошките функции кои ги имаа овие зелени површини пред да се случат овие катастрофи односно пожари, бидејќи секоја вредност на еден или на друг начин се надоместува, но за еколошката вредност се потребни години односно подолг временски период за да се врати на првобитната состојба. Затоа ЈПНШ во својот план кој го подготвува ќе го земе овој момент како важен при изборот на дрвните видови кои ќе бидат искористени за пошумување на овие опожарени површини.
За таа цел ги повикуваме сите градоначалници и локални самоуправи да се вклучат во овој план на ЈПМШ се со цел да се обноват што е можно поголеми површини. 
За спроведување на овие мерки ЈП во координација со ресорното министерство и Владата на РСМ ќе изнајдат финансиско решение за оваа вонредна состојба. 
Покрај овој пожар кој можеме да кажеме дека е со катастрофални последици, во текот на летото, особено месец јули имаше повеќе шумски пожари со појак или послаб интензитет. Сеуште е активен пожарот на територијата на Радовиш, а имаше поголеми пожари и во Охрид, Крива Паланка, Кичево, Скопје и други места каде што, главно поради невнимание при палење на стрништа се предизвикуваа пожари. Нашите вработени први излегуваат на опожарените места и се обидуваат да ги стават под контрола, а потоа се организираат и другите институции и пожарите се смируваат, но последиците остануваат.
Се надеваме дека ваков случај нема да се повтори и јас уште еднаш го повторувам Апелот кој го упатив во медиумите уште во месец март, каде што исто така имаше појава на голем број пожари”Да ги зачуваме нашите шуми”. Овој апел се однесува до сите граѓани кои влегуваат во шума, да го прават тоа со големо внимание и почит кон шумата, зашто и најмало невнимание може да предизвика несогледливи последици, а да не зборуваме за случаите кога намерно се подметнуваат пожари. За тоа нема никакво оправдување.„
Директорот одговори и на повеќе новинарски прашања поврзани со шумските пожари во РС Македонија.

Назад

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт