Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Потпишување на дополни и измени на Колективниот договор за работниците во ЈП Национални шуми

Во просториите на Дирекцијата на ЈП "Национални шуми" на 26.08.2019, генералниот директор г-динот Зоран Ѓорѓиев и претседателот на Управен Одбор, г-дин Милутин Ристески од страна на Јавното претпријатие "Национални шуми" и претседателот на Синдикатот за шумарство и дрвна индустрија на Република Северна Македонија г-динот Живко Митревски потпишаа Договор за измена и дополнување на Колективниот договор за работниците во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми " Национални шуми" П.О. Скопје.

Основниот текст на Колективниот договор на работниците во ЈП"Македонски шуми" е потпишан во 2006 година и како нормативен акт од овој вид е меѓу првите во државата. 
Со Колективниот договор на работниците во ЈП "Национални шуми" се уредуваат правата, обврските и одговорностите на вработените во ЈП „Национални шуми“ Скопје од работниот однос и начинот на остварувањто на правата и обврскит и други прашања од интерес за работниците и претпријатието како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови. 
Оттогаш наваму, па се до денешниот ден содржината на Колективниот договор е дополнувана неколку пати, правени се измени и дополнувања следејќи ги промените на важечките закони во државата кои се опфатени со Колективниот договор. 


Колективниот договор на работниците во ЈП"Македонски шуми" бр 02-468/1 06.02.2006 година од неговото донесување до ден денес има претрпено повеќе измени и дополнувања и тоа:

  • Измена на Колективен договор на работниците во ЈП „Македонски шуми“ – Скопје бр.02-202/4 од 25.01.2007 година;
  • Измени и дополнувања на колективен договор за работниците во јавното претпријатие за стопанисување со шуми Македонски шуми“ Скопје бр.02-243/3 од 09.02.2009 година; 
  • Измени и дополнувања на Колективен договор за работниците во ЈП „Македонски шуми“-п.о.-Скопје, усвоен на 06.02.2006 г. со измените од 09.02.2009 г. бр.02-1126/4 од 13.07.2009 г.;
  • Измени и дополнувања на Колективен договор за работниците во јавното претпријатие „Македонски шуми““-п.о.-Скопје бр.02-864/2 од 30.06.2011 година; 
  • Колективен договор за измени и дополнувања на Колективен договор за работниците во ЈП „Македонски шуми“ Скопје бр.02-307/1 од 03.09.2014 година;

Измените на Колективниот договор кои денес се потпишани се прифатени од трите договорни страни и се во прилог на зголемување на правата на вработените во ЈП "Национални шуми" , а се усогласени со важечките законски решенија.

Назад

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт