Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ПОСЕТА НА ШЕФОТ НА ТИКА на ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ

ПОСЕТА НА ШЕФОТ НА ТИКА  на ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ

Во посета на директорот на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев, на 27.06.2019 година беше шефот на канцеларијата на ТИКА (Турска агенција за соработка и координација) во Р. С. Македонија, г-дин Ајтекин Ајдин. Средбата се одржа во просториите на дирекцијата на ЈПНШ во Скопје. 

На средбата присуствуваа и помошник директорот на Секторот за заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола, Николчо Киров и Горан Стојковски, раководител во секторот. Средбата беше остварена по повод веќе започнатиот проект за соработка од областа на заштита на шумите, поточно Проектот за изградба на деловен објект во рамките на ПШС Бор – Кавадарци “Тренинг центар за гаснење на шумски пожари”

Врз основа на минатогодишната посета на шумарството во Турција и средбата со претставникот на TIKA, д-p Махмут Чевик , кој најави позитивен пристап во разгледување, на можностите да помогнат во реализација на проектите од Стратегијата за заштита на шумите од пожари, директорот на ЈПМШ Зоран Ѓорѓиев го запозна претставникот на ТИКА во Р. Македонија, г-дин Ајтекин Ајдин со текот на овој проект. Тој истакна дека е готова комплетната проектна документација, извадени се сите дозволи и потребни и сега се чека на финализирање, односно продолжување на проектот на кој ЈП Национални шуми темелно работи во изминатиот период, се од почетокот на 2018 година кога се определени насоките за реализација на овој проект.

Директорот ја нагласи важноста од релизацијата на овој проект кој ќе биде од голема корист за шумарството во Р.С. Македонија, на горливата тема застита на шумите од пожари. Тренинг центарот би се користел за контиунирана обука за превенција, заштита, а особено за брза интервенција при појава на шумски пожар, што е битен фактор во брзото справување со пожарите.

Г-дин Ајтекин Ајдин изрази подготвеност за идна и го истакна задоволството за досегашната соработка. Тој се заблагодари за срдечниот дочек во ЈПНШ и изрази подготвеност за соработка, односно посредување во процесот на имплементација на Проектот со дирекцијата на ТИКА во Р. Турција. 
Во тој контекст, г-дин Ајтекин Ајдин најави здрава соработка со правилни чекори и континуитет, со надеж дека проектот кој досега е успешно подготвен од страна на ЈПНШ ќе се реализира.
Тој изрази задоволство од презентираната проекција и план за развој на проектот, опис на проектот - објект плус внатрешност на објектот, кој беше презентиран од помошник директорот Николчо Киров и Горан Стојковски, раководител во секторот.

Заеднички заклучок од средбата која протече во срдечна атмосфера, беше дека и двете страни се задоволни од досегашниот тек на соработката и што побрзо успешно продолжување на проектот. Беше нагласено и дека ќе се искоординира логистичка поддршка на претставници на МНР на Р,. Турција и амбасадорот на Р.С.Македонија во Турција. 
Во име на успешната соработка во изминатиот период и идна плодна соработка меѓу двете институции, директорот Зоран Ѓорѓиев му врачи Јубилејна Плакета на гостинот, со искрени желби за остварување на започнатите проекти.

На средбата се разговараше за теми од областа на шумарството и проектите кои во моментот се актуелни во ЈПМШ, а се поврзани со Стратегијата за заштита на шумите од пожари, отпочнувањето на формирање на Тренинг центарот во ПШС Бор - Кавадарци.

Назад

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт