Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Засадено дрво на генерацијата по повод Светскиот ден на детето, 20 ноември

Денеска во ООУ „Љубен Лапе“ беше организирана акција за засадување на „Дрво на генерацијата“, по повод Светскиот ден на детето, 20 ноември, на која присуствуваа градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и директорот на ЈП „Македонски шуми“, Зоран Ѓорѓиев.

 

Дрвото од видот смрека го засадија првооделенците во дворот на ООУ „Љубен Лапе“, а целта на оваа акција е кај децата уште од најмала возраст да се развие еколошката свест и грижа за здрава животна средина.

Садењето на дрвја е еден од најубавите и најблагородни гестови кои човекот може да ги направи. Со тоа и се оддолжува на природата, на другите луѓе, на себе.Развивањето на еколошката свест и грижата за здрава животна средина започнува од најмали нозе. Со цел да се развие правилното размислување на најмалите ученици, првоодделенци е креирана акцијата , засадување ДРВО НА ГЕНЕРАЦИЈАТА, во дворовите на основните училишта, кое ќе има голема важност во во нивното растење, воспитување, како и во нивниот однос кон негување на здрава животна средина.По едно „Дрво на генерацијата“, ќе се засади и во дворовите на сите основни училишта на територијата на општина Аеродром

Дрвото на генерацијата ќе ги потсетува најмалите генерации на нивното растење, а со прифаќање на поимот МОЕ ДРВО во вистинска смисла на зборот, ќе се развива постојаната грижа (залевање, плевење и одржување) за услови за раст на дрвото. Со одржувањето на оваа Акција ќе се постигне поттикнување на свеста кај најмладите за важноста на на дрвјата во окружувањето, децата ќе се радуваат на дрвото кое ќе им прави сенка, околу кое ќе си играат и ќе се грижат за него. 

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт