Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Европска недела на шумите, 2017 година

Годинава, од 9 до 13 октомври 2017 година се одржува четвртата по ред Европска недела на шумата. Во овој период ќе биде одбележена во соработка со Las2017 ("las" - "шума" на полски), Заедничката комисија на UNECE Комитет за шуми и шумарска индустрија (COFFI) i FAO Европска шумарска комисија (EFC). 

Централната свеченост на Европската недела на шумите се одржува во Варшава, Полска, каде Las2017 ќе биде гостин на Владата на Полска. Национални и локални активности се одржуваат во сите земји учеснички со цел да се подигне националната свест за шумите, во интерес на доброто на сите, низ разни манифестации, натпревари, изложби, разговори и видео записи.

Главната идеја на кампањата е да се истакне важноста на шумите во секојдневниот живот на човекот преку истражување на широкиот спектар производи обезбедени од шумите, како и нагласување на улогата на био-економијата како двигател за одржлив развој. Целна група на оваа кампања е широка јавност, особено младата генерација во училиштата, бидејќи тие ги претставуваат идните носители на одлуки поврзани со шумите.

За првпат, европска недела на шумата, беше одбележана во 2008 година и бидејќи обезбеди единствена можност за зголемување на застапеноста на шумскиот сектор во јавниот живот и влијание врз пан-европските и глобалните дискусии поврзани со шумите континуирано продолжува секоја година.

Назад

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт